Четворица осомничени се уапсени викендов во Холандија во истрага за „заговор за киднапирање“ на белгискиот министер за правда Винсент ван Кикенборн, кој ја обвини „наркомафијата“, пренесоа АФП.
Кикенборн, исто така градоначалник на Кортријк, им се обрати на жителите на тој град во Западна Фландрија кои присуствуваа на општинскиот бал синоќа во видео порака емитувана на јавната телевизија. Тој рече дека добил телефонски повик во четвртокот од висок обвинител кој го предупредил за планот да го киднапира. Тој додаде дека не ги откажал прославите за да не и даде причина за радост на наркомафијата.
Во саботата, федералното обвинителство на Белгија соопшти дека министерот бил ставен под засилен полициски надзор и дека тројца осомничени биле уапсени во Холандија. Холандското обвинителство извести дека се работи за тројца мажи на возраст од 20, 29 и 48 години со холандско државјанство. Во оваа земја соседна Белгија е уапсен и четвртиот осомничен, соопшти вчера судски извор.
Судски извор потврди за АФП дека автоматско оружје е пронајдено во автомобил забележан во близина на домот на министерот во Кортријк.
Белгискиот премиер Александре де Кроа ја осуди „целосно неприфатливата закана“. Нема да бидеме заплашени од никого“, напиша тој на Твитер.