Четири лица загинаа денес во пожар што избувна рано утрово во станбена зграда во Лион, потврдија локалните власти за BFM Lyon.
Пожарот избувнал околу 5:10 часот наутро во десеткатна зграда лоцирана во третиот арондисман, во близина на трговскиот центар „Ла Пар-Дие“, објави францускиот BFMTV.
На местото на настанот беа испратени 78 пожарникари, со поддршка на службите за итни случаи и полицијата.
