Четири лица на возраст од 18 до 23 години се приведени во Скопје, откако биле пријавени дека на малолетничка насилно ѝ дале марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, на 14 август во 22:50 часот полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Л.М.(23), Е.А.(20), А.М.(19) и Н.Т.(18).
Полицијата постапила по претходна пријава дека на подрачјето на Шуто Оризари тие насилно ѝ дале марихуана на малолетничка.
Откако девојчето кажало за случајот во семејниот дом, дошло и до физичка пресметка. Од едната страна биле четворицата приведени, а од другата А.Ф.(42), З.Р.(38), А.Н.(23) и А.Р.(19), сите од Скопје.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.