Свет

Четворица туристи од Шведска и Финска исчезнати во лавина во Норвешка

Норвешката полиција соопшти дека четворица туристи од Шведска и Финска се уште се водат како исчезнати откако вчера ги затрупала лавина во арктичкиот дел на Норвешка, односно северниот норвешки регион Тромс, популарен меѓу скијачите.

Временските услови не им дозволиле на спасувачките екипи денеска да ја продолжат потрагата, иако таа се уште не е откажана.

– Постои голем ризик од нова лавина и во тоа подрачје има мала бура – изјави шефицата на полицијата на Тромс Астрид Елизабет Нилсен.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни