Четвртата аукција на чоколадо насловена како „Чоколаден спектар“ за хуманитарна цел

Од 12 декември во хотел Парк & Спа, ресторан Фор, а ќе трае и деновиве се одржа чоколадна аукција. Вистинско уживање во магијата на чоколодото , а притоа желба да се помогне на првиот центар за аутизам во Македонија.

Сите собрани средства оваа година ќе бидат донирани за стартување на првиот во регионот Центар за аутизам во склоп на Фондацијата СТЕМ Академија. Овој центар ќе биде единствен од таков вид во Македонија и во поширокиот регион со специјална стандардизирана програма за аутизам на Lego Education.

Се вчитува...

„Ќе дојдат тренери од Лондон, кои ќе ги обучат нашите дефектолози во рамките на СТЕМ Академија фондацијата и се надеваме дека сето тоа ќе придонесе за развој на социјалните вештини на лицата со аутизам“, изјави Катрина Попова Златановска.

Извор: ТВ21