Чистењето на депонии низ Скопје продолжува

Продолжува чистењето и средувањето на над 120 мапирани депонии низ Скопје. На дивата депонија во Лисиче кај Усјански канал исчистени се вкупно 538 метри кубни  на смет, шут и кабаст отпад и девастирана вегетација. Исчистена е вкупна површина од 1345 метри квадратни. Кај депонијата во Кисела Вода на улица Христо Татарчев исчистена е површина од 506m2 со исчистен и транспортиран смет, шут и кабаст отпад во депонијата Дрисла. Исчистената депонија е комплетно оградена со метални столпчиња и жица во висина од еден метар.

Чистењето на дивите депонии во Скопје е приоритет во заштитата на животната средина и намалување на загадувањето на средината, а со тоа и дополнително придонесување кон зголемување на аерозагадувањето во Скопје. За првпат се изречени големи казни за лицата и компаниите кои фрлаат нелегално отпад и оваа пракса ќе продолжи и понатаму. Неселективно ќе се постапува за сите оние кои го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните.

Скопје ќе биде град без диви депонии и токму ова е еден од главните проекти на кој Град Скопје активно работи, во соработка со општините и јавните претпријатија под Градот.

Град Скопје ги повикува граѓаните да бидат совесни и одговорни граѓани кои се грижат за животната средина, бидејќи само така можеме заеднички да придонесеме кон почисто, зелено Скопје за нас и за идните генерации.

Поврзани вести

Има 51 година и тело како девојка: Ова е вежба за совршена форма во која се колне Меланија Трамп!

Меланија Трамп, за време на поголемиот дел од претседателствувањето на нејзиниот сопруг, остана една од најприватните први дами на САД. Секогаш беше таква, речиси не пушташе некој во многу зафатениот живот на...

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на Меморандум за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија „Скопје-Софија“.

Благо намалување на нивото на реките, водостојот на природните езера ист како вчера

 Водостоите кај дел од реките во земјава се над просекот за јануари, но бележат благо намалување во споредба со вчера. За разлика од нив, резултатите од последните мерења направени од Управата за...

27 јануари – Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2022 година (четврток), Свети Сава е неработен ден за...

Најважното

Владата го прифати Меморандумот за разбирање за развој на железничкото поврзување „Скопје-Софија“ со Република Бугарија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 6-та седница, го разгледа и прифати усогласениот Текст на...

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија.

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал...

Еве каква временска прогноза не очекува во следните денови

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните...