Македонија

Членовите на ДИК до полноќ ќе чекаат седница

Дел од членовите на Државната изборна комисија се уште се наоѓаат во просториите и чекаат да биде закажана седница на која меѓудругото треба да биде изготвен и нов роковник за спроведување на предвремените парламентарни избори кои првично беа закажани за 12 април, а одложени поради коронавирусот, јавува репортерот на ТВ21 од ДИК.

Разговаравме со дел од членовите за тоа кој е излезот од моменталната ситуација кога првиот човек Дерковски чека на претседателот на Собранието Талат Џафери, а Џафери пак чека на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да се договорат за датум за избори.

Во продолжение тие велат дека најверојатно статутот, законите и Уставот се подготвени за нормално функционирање на држава, а не како последните ненормални случувања во државата.

Седница на комисијата може да свика претседателот, а во негово отсуство или неизвршување на обврските тоа може да го направи и потпретседателот.

Инаку, денеска беше поднесена и иницијатива за свикување на седница од страна на четворицата членови Борис Кондарко, Јанаќе Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салихи.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни