Чоколадна бајадера со сусам

Фин и многу ароматичен колач…

Потребно е:

за првиот слој:

  • 200 г шеќер
  • 150 мл вода
  • 125 г маргарин
  • 100 г печен сусам
  • 200 г мелени бисквити
  • 1 лажица мед

за вториот слој:

  • 100 г чоколадо
  • 3 лажици масло

за третиот слој:

  • 200 г шеќер
  • 100 мл вода
  • 125 г маргарин
  • 200 г печен мелен сусам
  • 200 г мелени бисквити

за глазурата:

  • 100 г чоколадо
  • 3 лажици масло

Приготвување:

– Ставете го сусамот во еден сув сад на рингла и тивко, со постојано мешање, тостирајте го додека да добие светложолта боја. Оставете го да се излади.

– Од изладениот сусам земете 200 г и сомелете ги, а 100 г оставете несомелени.

– Во сув сад на рингла ставете 200 г шеќер и оставете да се растопи до светлокафена боја. Додадете 150 мл вода и варете на тивко додека да се растопи. Сега додадете го маргаринот и мешајте додека да се растопи. Тргнете го садот настрана и додадете 1 лажица мед, 100 г печен сусам и 200 г мелени бисквити.

– Топлата смеса ставете ја во калап (27х19 см) и убаво израмнете ја.

– Преминете на приготвување на вториот слој. Растопете го чоколадото со 3 лажици масло и оваа смеса прелијте ја над слојот во калапот. Оставете да се излади.

– Сега во друг сад на рингла ставете 200 г шеќер, 100 мл вода и варете додека да се растопи шеќерот. Додадете 125 г маргарин и мешајте додека да се растопи. Тргнете го садот од рингла и додадете 200 г мелен сусам и 200 г мелени бисквити. Убаво измешајте и оставете малку да се излади. Потоа ставете во калапот и израмнете.

– На крај истопете 100 г чоколадо со три лажици масло и со ова прелијте го колачот. Одозгора може да украсите по желба.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното