Чоколадото може да поскапи за 20 отсто за време на Денот на вљубените поради скокот на цените на какаото

Се очекува дека околу претстојниот Ден на вљубените цените на чоколадните задоволства ќе се зголемат за околу 10 до 20 проценти во однос на минатата година, а причината треба да се бара во тоа што цената на какаото е повеќе од двојно зголемена од почетокот на 2024 година, изјави денеска Дејвид Бранч, секторски менаџер во Агро-фудскиот институт „Велс Фарго“.

Швајцарската компанија за чоколадо и кондиторски производи Линдт изјави дека 2024 година била „година предизвикувачка која се карактеризира со рекордно високи трошоци за какао и значително зголемување на цените“, што ја поттикнало да ги зголеми цените, а трендот се очекува да продолжи и во 2025 година, објави Си-Ен-Ен.

Од друга страна, американската мултинационална кондиторска компанија Хершис изјави дека купува какао речиси една година однапред, со што цените на чоколадите во продавниците за време на овој Ден на вљубените нема да се одразат на најновите поскапувања на какаото.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното