Чорба со целер и бадеми

Ако имате желба да изедете вкусна кремаста, бела чорба ова е правиот рецепт за вас …

Потребно е:

  • 1 целер
  • 1 помала главица кромид
  • 1 компир
  • 50 гр бадеми
  • морска сол
  • 1 л вода

Подготовка:

– На загреано масло пропржете го ситно сецканиот кромид. Во тоа додадете ги компирите и целерот сецкани на коцкички. Додадете сол и вода и оставете да се вари.

– Бадемите полијте ги со врела вода, почекајте 10-тина минути, изупете ги, исушете ги и сомелете ги во блендер. Додадете ги во чорбата уште додека зеленчукот не е омекнат.

– Кога ќе омекнат убаво сите состојки во чорбата, изблендирајте ја и додадете уште малку вода. Оставете да се вари додека не почне да врие и тогаш тргнете ја од рингла.

– Послужете ја топла, украсена по желба.