Човечкиот мозок содржи пластика: Научниците предупредуваат на опасност!

Експертите советуваат да се намали употребата на пластика во секојдневниот живот со цел да се намали ризикот од овие проблеми.

Научниците од Универзитетот во Ново Мексико открија дека човечкиот мозок содржи многу повеќе пластика отколку што беше случај пред осум години.

Истражувањето, кое вклучувало примероци од мозокот собрани за време на обдукцијата, покажало дека мозокот има дури седум до 30 пати повеќе ситни парчиња пластика од другите органи, како што се бубрезите и црниот дроб.

Кај луѓето на возраст од 45 до 50 години, концентрацијата на пластика во мозокот била 4.800 микрограми на грам мозочно ткиво, што е приближно колку пластика во една пластична лажица.

Покрај тоа, истражувачите забележале дека мозокот на луѓето со деменција има повеќе пластични фрагменти, кои биле концентрирани во ѕидовите на крвните садови и имуните клетки на мозокот, што може да доведе до оштетување на ткивото и воспаление.

Нанопластиката веројатно ја преминала крвно-мозочната бариера и стигнала до мозокот, бидејќи пластиката сака да се поврзува со мастите, кои ги консумираме преку храната.

Иако не е докажано дека пластиката директно му штети на човечкото тело, истражувачите предупредуваат дека нанопластиката може да ги наруши важните телесни процеси и да предизвика проблеми, како што се намалена плодност, малформации или болести.

Експертите советуваат да се намали употребата на пластика во секојдневниот живот со цел да се намали ризикот од овие проблеми.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното