ЧУДО ВО ИЗМИР: Тригодишно девојче спасено по 65 часа под урнатините

Ново чудо во Измир. Под урнатините од катастрофалниот земјотрес, е спасено тригодишно девојче по 65 часа.

Спасувачките екипи и натаму продолжуваат со својата мисија, и ќе бидат пребарени уште осум згради во Измир.

Телевизиските снимки го покажаа извлекувањето на тригодишната Елиф од урнатините 65 часа по земјотресот, по што таа беше однесена со амбулантно возило. Двете сестри и нејзиниот брад претходно биле спасени заедно со мајката, но потоа едно од децат, за жал им подлегнало на повредите.

Според најновите информации, 79 лица ги загубија животите во земјотресот во Измир, и две лица на грчкиот остров Самос.

„Илјада благодарам на нашиот Господ. Ја извлековме Елиф од станбениот блок“, изјави Мемет Гулуоглу, шефот на турската агенција за справување со катастрофи и вонредни ситуации.

Претходно и еден 70-годишен дедо беше извлечен од под урнатините 44 часа по земјотресот.

.



Извор: ТВ21