Чудотворната икона на Покров на Пресвета Богородица пристигна во Кочани: Симбол на спасение и исцелување

Синоќа во 18 часот, пристигна чудотворната икона на Покров на Пресвета Богородица. Оваа света икона, која е посветена на загинатите во трагичната несреќа во Кочанската дискотека Пулс, од сега ќе биде сила на спасение, исцелување и духовна утеха за сите верници.

Иконата беше пречекана со голема почит на граничниот премин Делчево, каде ја чекаа свештениците од Брегалничката епархија, предводени од митрополитот брегалнички г. Иларион.

Според монасите од Рилскиот манастир, оваа чудотворна икона е создадена од рацете на јеромонах Павел, кој цели 50 дена вложувал напор и молитва, изработувајќи ја со голема љубов и посветеност.

По пристигнувањето, иконата остана во црквата Св. Ѓорѓи во Кочани, каде што ќе стане вечен заштитник и застапник на кочанчани, но и на сите кои ќе побараат нејзина помош.

Се очекува оваа светица да биде сила која ќе ги исцели душите и телата на сите што се во потреба.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното