Македонија

Чулев: Полицијата најстрого да ги санкционира сите кои ќе го кршат изборниот процес

Моето присуство во СВР-Струмица е, пред се, да им укажам на колегите да ги преземат сите мерки и активности за превенција на евентуални изборни нерегуларности, но и најстрого да ги санкционираат сите прекршители, односно оние граѓани кои ќе се инволвираат во било какви ситуации на поткуп, закани, уцени или било какви изборни нерегуларности, со што ќе го нарушат избирачкиот процес и во крајна линија ќе има негативен меѓународен мониторинг, порача денес министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев при посетата на СВР-Струмица.

Инфомираше дека посебно дал задолженија да се информираат сите полициски службеници да не подлегнуваат на било какви политички притисоци, односно партиски притисоци и притисоци од бизнис структури, туку да си ги извршат полициските задолженија согласно прифесионализмот и чесноста.

Од раководството на СВР-Струмица бил информиран дека се преземаат сите мерки и активности, а плановите биле направени и се усогласени меѓу началникот и дополнителниот заменик началник и се испратени до главниот оперативен штаб.

-Истовремно ја користам оваа прилика да упатам порака до граѓаните во Струмица, но и на целата територија на Македонија, да не подлегнуваат на притисоците на локалните криминални структури.Истовремено да не подлегнуваат на притисоци на бизнис структурите, да не подлегнуваат евентуално на притисоци од полициски службеници, кои ќе бидат инволвирани во изборни нерегуларности. Избирачкото право да да си го остварат согласно нивните симпатии спрема одредена политичка опција, за која што сметат дека најмногу би ги задоволила нивните барања и сите оние неругуларности, притисоци, закани и уцени доколку им се вршат да ги пријават до МВР со цел најстрого санкционирање. Им укажав и на полициските службеници и на граѓаните им укажувам дека казните предвидени во Кривичниот законик за кривично дело поврзано со изборни нерегуларности е многу висока и таа е до десет години, додаде министерот Чулев.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни