По вчерашната најава на ТВ21, дека МВР отвора истраги за функционери, првиот човек Наќе Чулев на прес кофенренција рече дека е изненаден од состојбата и следењето на електронските комуникации.
„Од страна на стручните служби при МВР, контатирано е фрапантно кршење на законите, каде поранешната УБК, денес Агенција за национална безбедност се уште ја има задржано улогата во системот за следење на комуникациите, а кој се однесува за крвични истраги кои што се спроведуваат од страна на МВР“, истакна Наќе Чулев.
Според објавените информации, четири години по првиот извештај на Прибе, состојбата со поранешната УБК останала непроменета. Мерките за децентрализацијата на институцијата сè уште не биле спроведени. Министерот Чулев додава дека Агенцијата сè уште има пристап до системот за следење, односно има пристап до сите телефонски разговори кои биле предмет на обработка при МВР.
„Согласно законот за следење на комуникациите и законот за ОТА, биле должни да овозможи директна техничка поврзаност помеѓу неа и надлежната служба за спроведување на наредбите за посебните истражни мери, во случајот соодветната организациска единица во МВР. Но истото до ден денес, не е напавено, односно се уште АНБ ја има задржано посредничката улога што значи се уште постои техничка можност АНБ да има увид во следењето на комуникациите за потребите на кривичните истраги во МВР“, посочи Чулев.
Кон крајот на 2019 година, била направена и наградба на системот, но небила отстранета посредничката улога на агенцијата. Реформата која беше најавувана и барана, не е спроведена, иако уште во 2015 година од страна на Прибе беше укажано.
„Очиглено дека начинот на кој е формирана и екипирана Агенцијата за национална безбедност и неотстранувањето на посредничката улога на АНБ во следењето на комуникациите говори дека реформите во безбедносниот систем се само замајување на јавноста, а не реални форми согласно суштинските барања на ЕУ, кои беа предуслов за започнување преговори со унијата и барањата на граѓаните за демократки и транспарентни институции“, додаде Чулев.
Сега институциите и јавното обвинителство треба да го преземат предметот и да утврдат, зошто Агенцијата за национална безбедност сè уште го имала монополот во системот за следење на комуникациите и зошто тоа досега не било зафатено со реформите кои требаше да бидат извршени.
Нема докази Министерството за внатрешни работи дали досега тоа било злоупотребено во некои од истрагите кои биле спроведувани.
.