Д’Анџело, легендарниот соул музичар, почина на 51-годишна возраст

Музичкиот свет е во шок и тага по веста за смртта на Д’Анџело, легендарен соул пејач и автор на хитот „Brown Sugar“.

Д’Анџело почина на 51-годишна возраст по долга борба со тешка болест.

„Чувствувам голема тага поради смртта на Д’Анџело. Поминавме толку прекрасни моменти. Многу ќе недостасуваш. Почивај во мир, те сакам КРАЛУ“, напиша Ди-Џеј Премиер, кој соработуваше со него уште од 1998 година.

Роден во Ричмонд како син на свештеник, Д’Анџело започнал да свири пијано на тригодишна возраст, а до пет години настапувал со својот татко во црквата. Неколку години подоцна продолжил да свири пијано во Пенекосталната црква на својот дедо.

Заедно со своите братуџеди го формирал бендот „Three of a Kind“, настапувајќи на локални талент шоуа. На 16 години го формирал уште еден бенд со својот брат, наречен „Michael Archer and Precise“.

Својот деби албум „Brown Sugar“ го сними во 1995 година, а две години подоцна потпиша договор со издавачка куќа. Албумот достигна 4-то место на американската Billboard листа за најдобри Р&Б албуми и стана платинест во рок од една година. Исто така, му донесе на Д’Анџело четири номинации за Греми.

Во 2000 година, го издаде својот втор албум, „Voodoo“, кој се искачи на прво место на Billboard Top R&B листата и на Billboard Hot 100. Албумот освои Греми награда за најдобар R&B албум, а песната „Untitled (How Does It Feel)“ ја освои наградата за најдобра машка R&B вокална изведба, со номинација за најдобра R&B песна.