Македонија

Д-р Жан Митрев: Имаме пациенти болни од свински грип во многу тешка состојба, на хемофилтрација се

Д-р Жан Митрев: Имаме пациенти болни од свински грип во многу тешка состојба, на хемофилтрација се

„Од вчера и завчера на нашата клиника има пациенти кои се болни од свински грип и кои се во многу тешка состојба“, истакна д-р Жан Митрев во вечерашнава емисија Топ тема на Телма телевизија.

Тој објасни дека и за тие пациенти, кои се во многу тешка состојба, а иако не се болни од ковид, морало да се примени методата на хемофилтрација.

Според него, овие пациенти не се лекуваат од свинскиот грип, туку од последиците од свинскиот грип, исто како што се случуваше и со ковидот.

Тој додава дека хемофилтрацијата е всушност метода која не е лек за ковид, туку еден вид метода која им помага на пациентите да се извлечат од тешката состојба, која, пак, настапува кога откажуваат бубрезите на пациентот и срцето не може да ја издржи таа состојба.

„Хемофилтрацијата е шанса што му се дава на пациентот за неговиот организам, кој е во многу тешка состојба, да се избори со таа состојба. Таа е иста кко хемодијализата кај бубрежно болните“, рече Митрев и истакна дека во неговата клиника таа чинела 3.000 евра, а била утврдена врз основа на економски параметри.

Митрев вели дека не ги доведувал во заблуда пациентите, а средствата кои тие ги депонирале, а не им била извршена услугата, им биле враќани.

Докторот смета дека е возможно да има и нов бран на ковид, болест за која уште не е измислен лек.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни