„Да ја спасиме Попова Шапка“ бараат средба со Заев, најавуваат протести

Граѓанската иницијатива “Да ја спасиме Попова Шапка“ бара средба со премиерот Заев. Откако ова организација дискутираше со граѓаните во врска со последните проблеми со кои се соочува Попова Шапка, најавуваат протест доколку нивните барања не се прифатат. Тие се револтирани поради неисполнувањето на ветувањата за инвестиции во Попова Шапка. Еден од нивните услови е Акционерското друштво Елем Турс да се откаже од, како што велат, блокирање на туристичкиот центар Попова Шапка.

„Му предложуваме на г. Заев, да ја посети Попова Шапка како секој граѓанин, и одблиску да ги види вистинските проблеми со кои се соочуваат посетителите на овој туристички центар. Бараме поголем ангажман од Агенцијата за туристички развој, Агенцијата за млади и спорт и од Скијачка Федерација, да вршат поголем притисок врз одговорните власти за неуспехот за нормално функционирање на Попова Шапка. Бараме од АД ЕЛЕМ да се откаже од блокадите кои ги прави во туристичкиот ресор Попова Шапка. Овие барања се со цел подобрување на условите и нормалното функционирање на зимскиот центар Попова Шапка. Доколку властите не реагираат во врска со овие барања, тие ќе се соочуваат со протести и сериозни блокади на 12 јануари во 11 часот.“

Се вчитува...

Извор: ТВ21