Жените бараат посветеност и политичка волја во спроведувањето на родовата еднаквост. Тие бараат долгорочна стратегија која ќе им ги гарантира нивните права. И овој 8 Март ништо не е сменето, велат тие.
“Иницијатива на жените Ромки“ го обвини Собранието дека го запоставува Законот за заштита од дискриминација.
Некои од жените рекоа дека им е преку глава од ветувања без реализација.
Со пароли “Не сакаме цвеќе, сакаме права“ и “Дали е среќен 8 Март“, стотина жени маршираа од паркот Жена Борец до плоштадот Филип Втори, обележувајќи го Денот на жената. Целта на маршот е подигање на јавната свест за еднаква позиција на жената во нашето општество. На овој марш учествуваше и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која порача дека има политичка волја законот за заштита од дискриминација да помине.
РЕПОРТЕР: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ