Високиот крвен притисок или хипертензијата е тивка, подмолна болест која може да не покажува симптоми со години.
Само кога се манифестираат оштетувања на различни органи, најчесто на срцето, мозокот, бубрезите или очите, се забележуваат високи вредности на крвниот притисок, известуваат од Хрватскиот завод за јавно здравје и пренесуваат index.hr.
Високиот крвен притисок може да не покажува симптоми со години. Сепак, понекогаш многу рано, пациентите со покачен крвен притисок чувствуваат некои од симптомите на хипертензија како што се болка и притисок во главата, црвенило на лицето, замор, конфузија, гадење, прекумерно потење, возбуда, палпитации, зуење во ушите, крварење од носот и визуелни нарушувања.
Според податоците, речиси една третина од возрасната популација има висок крвен притисок. Оваа сериозна состојба значително го зголемува ризикот од големи срцеви заболувања, мозочен удар и болести на бубрезите. Нашата исхрана исто така игра голема улога во одржувањето на балансирана количина на крвен притисок, а како што објаснуваат лекарите, постојат одредени пијалоци кои мораме да ги избегнуваме во овие случаи. Овие се:
– Алкохолни пијалоци
– енергетски пијалоци
– газирани сокови
– кафе
– засладени сокови