На 21 април, тројца кандидати ќе се тркаат за претседател на државата, а секој од нив е поддржан од некоја политичка партија. Но, дали овие избори се показател колку гласачи имаат политичките партии. Познавачите на политичките прашања, Нијази Мухамеди вели дека претседателските избори нема да бидат индикатор за нечие делегитимирање, но според него зависно од резултатот може да го расипат расположението кај одредени партии.
„Претседателските избори не може да бидат индикатор за легитимноста на партиите, иако овде може да има промена на расположението бидејќи има антагонизми меѓу 2 визии. Визијата за Македонија по Преспа и визијата за Македонија пред Преспа, но ни тоа не може да влијае бидејќи Македонците имаат етаблиран електорат, Албанците немаат етаблиран електорат но имаат заеднички разочаран лекторат како тие што се нарекуваат себеси позиција и тие што се нарекуваат опозиција“, изјави Нијази Мухамеди – аналитичар.
И аналитичарот Владимир Божиновски, смета дека на овие избори нема да може да правиме јасна математика за тоа колку гласови ќе имаат партиите.
Инаку, кандидатот Блерим Река е поддржан од две партии, Алијанса и Беса. Гордана Силјановска е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ а Стево Пендаровски од СДСМ, ДУИ и други 33 политички партии кои се на власт.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ
The post Дали ќе делегитимира некого изборниот резултат? „Претседателските избори се комплексни“, велат аналитичарите appeared first on ТВ21.