Македонија

Дали, конечно, пругата кон Бугарија ќе биде завршена? (ВИДЕО)

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Македонски Железници Инфраструктура Ирфан Асани, извршија увид во околината на Шупљи Камен каде се изведуваат градежни активности од првата фаза од железницата од Македонија кон Бугарија, на железничката линија Куманово – Бељаковце. Целата делница ќе чини над 580 милиони евра од Куманово до границата со Бугарија, рече вицепремиерот Анѓушев. Директорот Асани изрази благодарност до Владата за поддршката за оваа делница, истакнувајќи дека најпроблемтичните делови се завршени.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни