Ова се двајцата демонстранти во поставените шатори пред Собранието. Едниот вели дека овие денови не ги блокираат улиците, бидејќи не можат да соберат доволно луѓе за протест.
Тој вели дека преку викенд не вреди да се протестира бидејќи нема многу сообраќај и нема што да се блокира.
И овие двајца демонстранти кои останаа сами пред Собрание, велат дека по неколку часа и тие ќе си заминат и ќе ги напуштат шаторите.
Тој исто така рече дека и покрај малиот број демонстранти, тие ќе продолжат да доаѓаат пред Собрание до крај на нивната битка против уставните измени. “Македонија блокира“ денеска протестираше и во Кичево, каде се собраа околу 20 лица за да го изразат нивниот револт.
РЕПОРТЕР: АРМЕНД ГАШИ
