Дали наскоро ќе пиеме кафе од лабораторија?

Во иднина, љубителите на кафе може да пијат кафе произведено во чаша Петри, а не на плантажа, велат финските научници кои се надеваат дека успеале во лабораториско одгледување одржливо кафе.

„Тоа е навистина вистинско кафе бидејќи во овој производ нема ништо друго освен кафе“, вели Хајко Ричер, покажувајќи на шолја полна со кафеав прав.

Тој и неговите колеги од Финскиот институт за технички истражувања VTT веруваат дека со производството на овој вид кафе ќе се избегнат бројните проблеми во околината предизвикани од масовното производство на еден од најпопуларните пијалоци во светот.

Нивното кафе не се меле од зрна, туку се одгледува од група клетки од растително кафе во строго контролирани услови во биореактор.

Кога се пече, прашокот може да се подготви на ист начин како и обичното кафе.