Дали некогаш сте го виделе овој симбол на временската прогноза? Еве што значи тоа

Корисничка на Твитер објави скриншот од апликацијата за временска прогноза AccuWeather на која се гледа симбол кој ја збунил. „Прв пат го гледам овој симбол во временската прогноза“, напиша таа.

Објавата привлече многу коментари

Знакот е сличен на оној за бесконечност, со четири точки под и над него.

Под нејзината објава имаше многу коментари. „Бескрајни можности“, „Гледаат зачудено и не знаат што ќе се случи“, „Паѓа и одозгора и одоздола“, „Јас во тоа време никаде не би излегол, а ти прави како сакаш. Кажете ми ако имате несакани ефекти“, коментираат луѓето.

Според веб-страницата Метеологос, која ги содржи сите меѓународни метеоролошки симболи, тие два поврзани круга укажуваат на сува магла, односно висока концентрација на смог и лебдечки честички во воздухот.