Живот

Дали новите згради ќе мора да имаат инфраструктура за електрични автомобили?

Возачите кои ќе преминат на возила со нулта емисија ќе имаат корист од новите барања за паркинг места дома и на работа во нови и реновирани згради, судејќи според предлогот на Европската комисија.

Подготовките за поставување на полначи би биле потребни во новите куќи и згради кои ќе претрпат обемни реновирања, предлага Европската комисија.

Исто така, новите и реновирани нестанбени згради, како што се канцелариите и продавниците, треба да бидат опремени со минимален број инсталирани станици за полнење, согласно предложената нова Директива за енергетска ефикасност на зградите (ЕПБД), пренесува ХАК магазинот.

Луѓето и компаниите понекогаш мора да чекаат до една година за да се инсталира полнач. Исто така, мора да се одреди максималното време кое возачите можат да го чекаат помеѓу барањето дозвола и инсталирањето станица за полнење.

Европратениците и владите на ЕУ сега ќе разговараат за предлогот пред да одлучат за конечната директива што ќе стане закон.

Околу 90 отсто од електричните возила во Европа моментално се полнат дома.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни