Како едно од најпопуларните пијалоци во светот, пивото својата популарност ја градело со векови наназад, а се користело не само во исхраната, туку и како лек и дел од религиски ритуали.
Во денешно време е познато по тоа што создава многу масни наслаги на стомакот, односно се создава т.н. „пивски стомак“.
Меѓутоа сите љубители немаат таков вид на стомак, па така вината за создавањето на масните наслаги треба да се побара некаде на друго место.
Пивото нема многу калории. Дури чаша полномасно млеко, па дури и некој вид на овошен сок, имаат повеќе калории од пивото.
Проблемот е во прекумерното внесување на пивото. Кога сте во друштво и гледате некој натпревар, вие едноставно немате контрола колку количински пиво внесувате. Прекумерниот внес може да донесе до масни наслаги, исто како што е и со секој вид на храна. Исто така пивото често се служи со некакви грицки или калоричен оброк.
Прекумерното внесување на алкохол може да има и други негативни последици.
На крајот може да се каже дека пивото не е главниот виновник за создавање на масните наслаги, туку до пивски стомак доаѓа поради внесување на прекумерна количина, како и лош избор на намирници, и физичка неактивност.
