САД водат продуктивни разговори со Русија.
Ставот на Вашингтон е дека Москва сака крај на конфликтот во Украина, изјави портпаролката на Белата куќа Каролин Левит.
„Како што изјави синоќа претставникот на претседателот, Стивен Виткоф, тој верува дека Русија сака да ја заврши војната, така мисли и Трамп“, рече Левит за време на брифингот со новинарите.
Според неа, Соединетите Американски Држави веруваат дека е можно да се воспостави економско партнерство со Русија по прекинот на огнот во Украина.
-Русија има мотив да го прекине конфликтот, а тоа би можело да биде економско партнерство со САД. Но, прво сакаме да видиме прекин на огнот“, истакна таа.
Портпаролката додаде дека Трамп и Виткоф „тоа јасно го кажале“.
За Кина и Иран
Таа наведе дека Трамп смета дека топката е на теренот на Пекинг во трговскиот спор со Кина, бидејќи, како што вели, договорот му е повеќе потребен отколку на Вашингтон.
Таа ја коментираше и темата за Иран, велејќи дека Трамп е подготвен за дијалог со Техеран.
-Кампањата на максимален притисок врз Иран продолжува, но како што знаете, претседателот јасно стави до знаење дека сака дијалог и консултации со таа земја, а во исто време јасно ја кажа својата визија дека Иран никогаш нема да може да дојде до нуклеарно оружје. Претседателот денеска разговараше со султанот од Оман, му се заблагодари за организирањето на првата директна средба меѓу САД и Иран и ја истакна потребата Техеран да ја прекине својата нуклеарна програма преку преговори – истакна Левит.