Дали сте знаеле дека пливањето може да го збогати речникот на децата?

Универзитетот на Делавер (САД) во најновото истражување посочува дека пливањето може да го збогати речникот на децата.

Ова истражување е објавено во американскиот „Журнал“ за говор, јазик и слух.

„Среќни сме со резултатите од истражувањето, бидејќи можеме значително да им помогнеме на негувателите и воспитувачите. Пливањето е едноставна физичка активност, и докажавме колку добро влијание има врз учењето нови зборови“, вели Џована Морини, една од авторите на трудот.

Во трудот се истакнува дека деца на возраст од 6 до 12 години имале да научат нови зборови пред да почнат со една од трите активности – пливање, вежби за цело тело или пополнување боенка, додека пак децата пливачи биле 13 отсто попрецизни во решавањето на тестовите за речникот потоа.

Меди Пруит, одговорна предводничка на истражувањето, смета дека резултатите покажуваат дека моторичкото движење помага да се научат нови зборови, односно, пливањето е поефикасно од останатите вежби бидејќи децата пливаат без да следат голем број инструкции.

Вежбите, сепак, бараат подобра концентрација.