Дали сте знаеле? Пилотот и копилотот никогаш не јадат иста храна

Дали некогаш сте знаеле дека пилотот и копилотот на еден лет, никогаш не конзумираат иста храна.

Ова правило не е пропишано со закон, но тоа е правило пропишано од авионските компании, а пилотите и копилотите го учат при обуките.

Пилотите најчесто може да го бираат својот помошник со кого сакаат да летаат, пишува „Полн куфер“. Но, некои правила никогаш не смеат да ги прекршат, а едно од нив вели дека двајцата не смеат да јадат иста храна.

Иако правилото можеби е чудно, сепак, за такво нешто постојат добри причини. Првото е од сигурносни причини. Ако нешто тгне по зло, и едниот пилот се затруе со храна, голема е веројатноста другиот пилот нема да ја доживее истата судбина и да може да управува со авионот.

Исто така се препорачува и избегнување на некоја тешка храна пред летот, на пример свежа риба.

Труење на храна на пилоти е реткост во авиоиндустријата, но сепак има неколку. Најпознат е оној во 1982 година кога расипан пудинг ги затруло и пилотот и копилотот, како и 10 членови на екипажот. Работата да биде полоша, станувало збор за прекуокеански лет од Њујорк до Лисабон. Сепак, присебноста на тогаш тројцата пилоти придонела пилотите да го вратат авионот безбедно во Бостон.

.

Извор: ТВ21