Дали сте знаеле за овој сокриен дел на машината за перење? Ако го чистите 4 пати годишно ќе и го продолжите животниот век!

Дали знаевте за овој дел на машината за перење?

Зависи од тоа колку ефективно ќе биде перењето и колку често машината ќе се расипе

Речиси секоја машина за перење има филтер, кој е дизајниран да „фаќа“ влакна и други остатоци за време на перењето.

Тоа е дел од машината што треба редовно да се чисти за перењето да биде безбедно, темелно, облеката да биде навистина чиста и миризлива и да не дојде до оштетување.

Чистењето на филтерот на машината за перење е неопходно и обично се препорачува да се прави околу четири пати годишно. Многумина, сепак, не знаат како да го најдат овој дел.

Каде е филтерот во машината за перење?

За да го лоцирате филтерот на вашата машина за перење, прво погледнете го упатството за употреба. Обично филтерот се наоѓа на едно од овие места:

во централниот дел
во горниот раб на барабанот
зад вратата, однадвор
во близина на пумпата за вода
на крајот од одводното црево

Доколку немате физичка копија од упатството за употреба, побарајте го моделот на вашата машина на интернет и додадете ја фразата „упатство за употреба“ или „прирачник за употреба“ и ќе добиете визуелна претстава за сите делови на машината за перење .

Важно е да се напомене дека поновите машини, вклучувајќи ги и моделите со висока ефикасност (HE), немаат филтер, туку се потпираат на механизам за самочистење, сместен во механизмот на пумпата. Таквите машини обично не бараат одржување од сопственикот.

Погледнете каде еден корисник на Инстаграм го нашол нејзиниот филтер.