Дали знаете зошто наздравуваме со удирање на чашите?

Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето наздравуваат со удирање на чашите?

Доколку одговорот е ДА, еве што велат легендите:

Една од легендите вели дека во средниот век луѓето наздравувале со удирање на чашите со цел да ги истераат демоните, а приказната е поврзана со црковните ѕвона, за кои во тоа време се верувало дека нивниот звук ги брка лошите сили.

Имено, на средовековните судови во Европа непријателите биле „бркани“ со ставање на отров во виното, па откако оваа тајна ја видела светлоста, со цел да се добие довербата кај гостите, домаќинот на големите гозби секогаш силно ги судирал чашите со чашите на гостите за да ги измешаат пијалоците, а гостите со тоа биле сигурни дека нема отров во нивните вина.

Оттука ни доаѓа и обичајот според кои домаќинот секогаш прв го пробува виното, а потоа му го нуди на гостинот.

Во античка Грција, звукот играл важна улога и во пиењето вино. Грците верувале дека виното внесува убавина на сите сетила, па освен вкус, боја и мирис, удирањето на чаши создавало атмосфера и за ушите.