Уште едно големо шоу и уште една голема победа! Даниел Кајмакоски и Ивана Петерс ги освоија симпатиите на балканската публика. Тие како Тим 3 се победници во оваа сезона на ТЛЗП.
Чекот од 25.000 евра решија да го донираат за лекување на двегодишното момче, Урош Матошевиќ.
За наградата се натпреваруваа пет добро познати тимови.
Исто така, сите пари од СМС-пораките ќе бидат испратени во хуманитарни цели. Телеком, Теленор, ВИП, Комтрејд, ТВ Прва, Радио Телевизија на Република Српска, Федералната телевизија, Сител телевизија и продукциската компанија Emotion се откажаа од својот профит од смс гласањето.