Кандидатот за градоначалник на општина Бутел од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, објави дека победил во првиот круг од локалните избори.
„Благодарам мој народе, слава на Господ“, напиша Костовски на својот фејсбук-профил во објавата.
Според него, граѓаните на Бутел повторно ја дале својата доверба за продолжување на започнатите проекти и развојот на општината.