Македонија

Даштевски: Изборниот ден помина мирно, досега пристигнати вкупно 127 приговори за лично избирачко право,

Даштевски: Изборниот ден помина мирно, досега пристигнати вкупно 127 приговори за лично избирачко право,

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на денешната прес-конференција информира дека досега пристигнале вкупно 127 приговори за лично избирачко право, од кои прифатени се 113 а одбиени се шест.

– За Маврово и Ростуше вкупно 37 приговори, прифатени 29, одбиени 3. За Тетово вкупно 43 приговори, прифатени 38, одбиени се два. Центар Жупа вкупно 47, прифатени 46, а одбиен еден приговор, рече Даштевски.

Тој информира дека до 18:30 часот во Маврово и Ростуше од запишани 9.948 гласачи, гласале 5.090 односно 51,17 отсто.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни