Дебелите луѓе помалку уживаат во храната

Ако се точни тврдењата во истражување спроведено до страна на научници од универзитетот Бангор во Велс, луѓето со прекумерна телесна тежина многу помалку уживаат во храната, од оние чија тежина може да се процени како здрава.

Луѓето со здрава тежина најчесто јадат кога се гладни и често зборуваат дека уживаат во јадењето.

Од друга страна, дебелите луѓе не уживаат во храната. Наместо тоа, тие јадат кога ќе почувствуваат потреба за одредена храна, но не се нужно гладни. Потоа изјавуваат дека не уживаат толку во храната како луѓето со примерна тежина.

Научниците теоретизираат дека причина за тоа може да биде фактот дека дебелите луѓе со секој оброк внесуваат повеќе храна, обидувајќи се да го компензираат чувството на незадоволство.

Учесниците во истражувањето, преку апликација на телефон, на скала од 1 до 10, забележувале кога чувствуваат глад и колку се задоволни после јадењето.

И групата на здрави испитаници и групата на оние со прекумерна тежина имале многу слични потреби за јадење, три пати дневно. И должината на оброците траела приближно исто, 18 минути.

Луѓето со прекумерна тежина не биле повеќе гладни од луѓето со нормална тежина. Сепак, воочено е дека дебелите и здравите луѓе имаат поикакви навики при земања на храната и поинаков однос со храната. Луѓето со здрава тежина јадат кога ќе огладнат и после оброк се многу задоволни.

Дебелите луѓе не јадат кога гладот ќе ги принуди да го сторат тоа, туку јадат кога ќе почувствуваат желба за некоја храна, а после јадењето не чувствуваат задоволство.

Недостатокот на задоволство може да го придонесе прејадувањето, а може да се случи и да се зема голема количина на храна за да се компензира недостатокот на уживање во храната.

Поради тоа, за на луѓето да им се помогне при слабеење, поголемо внимание треба да се посвети на чувството на задоволство после изеден оброк.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното