Македонија

Дедо мраз на 30-ти декември слетува со хеликоптер во Крива Паланка

Дедо мраз на 30-ти декември слетува со хеликоптер во Крива Паланка

Крива Паланка оваа година е посебна магична приказна за цела држава. Ниту главниот град Скопје не може да се спореди со она што го нуди градот од северо-истокот на нашата држава.

ФОТО: Блескава новогодишна атмосфера во Крива Паланка – за нови насмевки, радост и незаборавни моменти…

Но, ова не е се. 4NEWS.mk дознава дека на 30-ти месецов ќе има уште едно изненадување за сите жители и посетители на Крива Паланка. Деновиве се вршат последни подготовки, за на ден пред дочекот на нова година, со хеликоптер во Крива Паланка да слета Дедо Мраз. Тој ќе донесе подароци за најмладите кои најповеќе се радуваат и веруваат дека најстариот дедо ќе им ги исполне нивните детски желби.

Многу мал број на градови оваа година се „осудија“ да направат новогодишна магија за нивните жители, иако тоа никој не го забрани.

Ситно броиме до новогодишните и божиќни празници. Така и еуфоријата се зголемува, особено кај најмладите, но тие кои се од Скопје особено се ограничени во тоа, бидејќи и нема многу на што да се радуваат. Елката поставена на неколку дена пред Нова година е единствената атракција за скопјани.

КОНЕЧНО: Скопје ќе се украсува, а ќе има и дочек на Нова Година на плоштад

Метрополата како никогаш досега оваа година остана запоставена, а ниту пак градоначалничката Данела Арсовска не се појави на ветената прес конференција за да информира што ќе има за Нова година во Скопје. Се уште нејасно е дали ќе има дочек на Нова година на плоштадот „Македонија“, ниту пак кој ќе настапува.

Русија за Нова година: Наместо елка постави војници од мраз со калашников

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни