Оваа година, според популарната онлајн мапа за следење на летови, Дедо Мраз „ја заобиколи“ Македонија. Како што може да се види од фотографијата, неговата рута поминала над Бугарија и над други европски држави, додека македонското небо останало надвор од симболичната траса.
Станува збор за традиционална и забавна иницијатива што се појавува секоја година во овој период, кога корисници на социјалните мрежи и портали шеговито го следат движењето на „летот на Дедо Мраз“ преку платформи за авионски сообраќај. Иако станува збор за симболичен приказ, мапата редовно предизвикува внимание и коментари, особено кога рутата не поминува над одредени земји.
И годинава, како и претходните, иницијативата повторно внесе доза хумор и празнична атмосфера, потсетувајќи дека духот на Нова година и празниците не зависи од маршрутите на мапите, туку од расположението и традицијата.
