Дедо Мраз започна со новогодишна кампања и има порака за сите деца на светот

Дедо Мраз ја започна својата божиќна или новогодишна кампања од Финска, во рамките на Арктичкиот круг.

Овогодинешната порака на Дедо Мраз е да се грижи за децата кои заедно со нивните семејства минуваат низ тешки моменти поради коронавирусот.

„Две години живееме во овие тешки времиња. Ова беше тешко за сите, но замислете како им е на шестгодишните деца. Тоа е една третина од нивниот живот – слушнав лоши вести за тоа како децата и младите се борат со тој притисок. Затоа мораме да им помогнеме“, рече Дедо Мраз.