Македонија

Дедо Мразовци ќе се тркаат во Скопје

Дедо Мразовци ќе се тркаат во Скопје

Традиционалната Дедомразовска трка денеска напладне со почеток од 12 часот ќе се одржи во Скопје во организација на здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.

На трката повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат на патека во должина од два километра со старт од Skopje City Mall, а за победниците се предвидени награди. Покрај натпреварувачки, трката има и забавен карактер и на неа можат да учествуваат и деца во придружба на родители.

Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците, како и лотарија за исполнување на новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни