Свет

Дел од крилото на авион на „Делта ерлајнс“ делумно се откинал за време на летот

Дел од крилото на авион на „Делта ерлајнс“ делумно се откинал за време на летот

Дел од крилото на авионот на „Делта ерлајнс“ делумно се откинал за време на летот, пред авионот да слета во Тексас, објавија денес американските медиуми.

Патниците во Боингот 737, кој летал од Орландо, Флорида, до Остин, забележале дека дел од крилото се одвоил во еден момент, објавува „Њузвик“.

Авионот безбедно слета во Остин, по што бил испратен на поправки откако било утврдено дека дел од левото крило се одвоил.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни