Неколку региони во Шпанија останаа без фиксна комуникација и интернет поради технички дефект во мрежата на најголемата телекомуникациска компанија Телефоника, јавува ТВ каналот Антена 3.
Проблемот ги зафати Баскија, Валенсија, Арагон и Екстремадура.
Како што објасни самиот оператор, причината за вонредната состојба била работа на надградба на мрежата, при што дошло до дефект.