Македонија

Делегација на Владата отпатува во БИХ на одбележување на 15-годишнината од смртта на Трајковски

Делегација на Владата предводна од министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, отпатуваа во Ротимље, каде ќе присуствуваат на одбележувањето на 15-годишнината од несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски.

„Ве известуваме дека делегација на Владата на Република Северна Македонија, во чиј состав се министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и заменик министерот за култура Владимир Лазовски, отпатува во Ротмиље, Босна и Херцеговина на одбележувањето на 15-годишнината од смртта на Претседателот Борис Трајковски.“, известуваат од Владата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни