Македонија

Делови од Ѓорче Петров, Кисела Вода и Студеничани без струја

Без електрична енергија денеска од 9 до 13 часот ќе бидат дел од жителите од село Љубош, на стариот пат за село Батинци, општина Студеничани.

Во периодот од 9 до 14:30 часот без струја ќе биде и дел од Ново Село, улиците „1“, „2“, „4“, „6“, „8“, „10“, „26“, „30“, „32“, „34“, „36“, „100“ и „108“ и Основното училиште „Тихомир Милошевски“. Од 10 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Александар Мартуков“ од бр. „3“ до „23“ во општина Ѓорче Петров.

Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“ – подулици „14“, „16“ и „18“ во општина Кисела Вода.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во мрежата. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни