На денешниот протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“, дел од групата упадна и во кафулето „Класик“ кое е во истата сопственост на нелегалната дискотека и го демолира.
Инаку, пред општинската зграда, голем број граѓани на Кочани се собраа и побараа правда за жртвите. Го повикуваа градоначалникот, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка да излезе од зградата, а дел од присутните маваа со камења и јајца. Собраните извикуваа „Убијци“ и „Секој еден може да биде следен!“.
Во СВР Скопје и СВР Тетово, за случајот, се приведени 5, а во Штип 13 лица, меѓу нив и три лица од Државниот пазарен инспекторат, едно лице од Инспекторатот за труд, сопственикот на објектот, членови на обезбедувањето, сопственикот на агенцијата за обезбедување, продавачот на карти и други лица вработени во објектот. Одреден е краткотраен притвор за 11 лица.