Свет

Ден 97 од војната: Празни училишни автобуси за Денот на детето во Украина

Ден 97 од војната: Празни училишни автобуси за Денот на детето во Украина

Училишните автобуси со празни седишта ја одбележаа смртта на 243 деца кои загинаа по руската инвазија на Украина. Така, жителите на градот Лавов го прославија Денот на детето на 97-от ден од војната.

Москва негира дека нападнала цивилни цели, но смртта на толку многу деца и илјадници цивили ги натера Обединетите нации да ја обвинат Русија за воени злосторства.

Повеќе од 6,5 милиони луѓе побарале засолниште во странство. Во Чешка има околу 200.000 луѓе.

По жестоката дебата во парламентот денеска, Чешка одлучи да го ограничи пристапот до социјалните бенефиции за бегалците.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни