Денес е официјалниот почеток на есента: Еве во колку часот се менува годишното време!

На северната хемисфера, есента официјално започнува денес во 18:19 часот. Со овој момент, познат како есенска рамноденица, денот и ноќта речиси целосно се изедначуваат.

Во исто време пак, пролетта започнува на јужната хемисфера.

Астрономски гледано, рамноденицата претставува момент кога Сонцето ја преминува линијата на небесниот екватор и се спушта кон јужната хемисфера. Оттука, сончевата светлина постепено ќе слабее, деновите ќе стануваат пократки, а ноќите подолги.

Есенската рамноденица отсекогаш била симбол на промена, рамнотежа и почеток на подготовките за студените месеци што следуваат. Сонцето ќе продолжи да се движи пониско на небесната купола, сè до зимската краткоденица, кога ќе ја достигне својата најниска точка.

Со овој природен циклус, летната топлина полека се заменува со посвежи утра и попладниња, обоени со златните нијанси на есента.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.