Македонија

Денес истекува рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ

Денес истекува рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ

Рокот за активирање на членството за учество на вонредните внатрепартиски избори во СДСМ истекува денес.

Изборите, закажани за 30 јуни, ќе одлучат за новиот лидер на партијата, со кандидати како Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски.

Изборниот процес ќе биде организиран од Централната изборна комисија со помош на 80 општински комисии.

Новиот лидер ќе биде избран со мнозинство од гласовите на активните членови.

Овие избори следуваат по оставката на Димитар Ковачевски по поразот на парламентарните избори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни