3ти декември – меѓународниот ден на лицата со попреченост, бил прогласен за меѓународен ден од страна на Обединетите Нации далечната 1992 година и од тогаш се одбележува насекаде низ Светот.
Оваа година темата на овој ден е ”Оспособување на лицата со попреченост и обезбедување на инклузивност и еднаквост” која се фокусира на зајакнување на лицата со попреченост за инклузивен, правичен и одржлив развој, предвиден во Агендата за одржлив развој од 2030 година.
Агендата 2030, ветувајќи ”ДА НЕ ОСТАВИМЕ НИКОГО ЗАД СЕБЕ” е амбиционен план за дејствување на меѓународната заедница кон мирен и просперитетен свет, каде што како основен принцип се применува достоинството на поединецот и еднаквоста меѓу сите.
Од клучно значење е да се обезбеди, во овој поглед целосно и рамноправно учество на лицата со попреченост во сите сфери на општеството и да се создадат поволни средини од, за и со лицата со попреченост.
