Харитон потекнуваше од градот Иконија, во Мала Азија каде проповедаше апостолот Павле.
Харитон се овенча со венецот на исповедништвото во времето на царот Аврелијан кога беше мачен и остана во римските затвори се до смртта на Аврелијан. По излегувањето од затворот, отиде во Палестина и се повлече во пустината Фаран каде што основа манастир.
Се вчитува...
Откако уреди се во манасторот, повторно се повлече во една пустина, во близина на Ерихон.
Таму се собраа монаси. Накрајот, основа и трет манастир, познат како Стара Лавра. Се успокои во длабока старост, во 350 година. Неговите мошти се наоѓаат во фаранската семејна гробница.
